Италија
Агентот на Тудор се огласи за пропаднатата зделка со Наполи: Тој никогаш не би прифатил договор на седум месеци

Калчолигашот Наполи ја искористи оваа репрезентативна пауза да направи една голема промена и тоа на тренерската позиција каде се ослободи од Руди Гарсија и за негов наследник го именуваше искусниот Валтер Мацари.
По поразот од Емполи, актуелниот италијански шампион тргна да бара замена за Гарсија и прв фаворит на Аурелио Де Лаурентис беше Игор Тудор. Информациите беа дека се се движи во позитивен правец и дека Хрватот ќе биде нов предводник на Елмас и компанија.
Ама на крајот се случи друго сценарио во кое Мацари направи кам-бем во Неапол со договор до крајот на сезоната.
Тудор остана со празни раце, а неговиот агент, Антони Шериќ се обиде да објасни што се случило.
-Клубот има многу јасна позиција, тие сакаат тренер кој ќе се усогласи со 4-3-3 и дискусиите се фокусираа на тоа како да се развијат. Меѓутоа ако неговото име е Тудор, тие се свесни за типот на игра што тој ја нуди. Игор не сакаше да биде „пожарникар“. Игор сака контекст во кој може да заврши циклус, каде што има проект во кој може да се вклучи на подолг рок. Никогаш не би прифатил седум месеци.
-Наполи ни ги објасни своите потреби, а ние нашите. Откако ќе се разјаснат, ќе ни кажат дали да ќе изберат Тудор најмалку 18 месеци. Никогаш не добивме „ДА“ ја затвориме зделката само за оваа сезона. Не стигнавме ни толку далеку. Во основа, мораше да има времетраење што подразбираше можност за отворање на циклус. Тудор има принципи, парите доаѓаат подоцна, -рече Шериќ и додаде:
-Ако го повика клуб од ваков калибар, тоа е прекрасно, но зависи што е потребно и на кој начин. Мислам дека најдобрите со интерес слушаат понуда од Де Лаурентис. Игор е феноменален, тој секако е меѓу најдобрите во Италија. Но, нема разочарување. Тие беа само две идеи, премногу различни за да бидат компатибилни, -заклучи Хрватот кој во кариерата мина доста време во Италија во Парма, Лацио, Бреша и Верона.
-
Англијапред 18 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 17 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 20 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Италијапред 21 час
Италијанска драма: Голманот не Лече се избори за пенал во 96. минута! (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти: Валверде ужива на новата позиција на теренот
-
Францијапред 24 часа
Донарума и Мукиеле не се разбраа, Италијанецот „нокаутираше“ противнички играч и заработи црвен картон (ВИДЕО)
-
Италијапред 15 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот