Италија
Агентот на Тонали: Сандро ја води најтешката битка во животот, но ќе ја победи лудопатијата!

Италијанската јавност веќе десетина дена е опседната со скандалот кој изби во оваа земја, а кој е поврзан со обложување на професионални фудбалери на нелегални платформи на интернет.
Обложувањето од спортистите е строго забрането според правилниците во сите фудбалски Федерации, па јасно е дека Фаџоли, Тонали и Ѕаниоло ќе добијат примерни казни, кои сега се обидуваат само да ги намалат со своите искази.
Тројцата фудбалери се каат за стореното и пред обвинителнот признале дека се зависни од коцкање, а денеска се јави и агентот на Тонали кој вели дека играчот за врска го почнал натпреварот кој може да му го спаси животот.
– Сандро го игра најважниот меч во животот, се бори против лудопатијата (зависност од коцкање). Сигурни сме дека на крајот ќе победи. Задоволен сум од изјавата на претседателот на италијанската Федерација, Гравина направи добро што не ги остави фудбалерите сами во овие тешки моменти. Добро е момците да знаат дека не се сами.
– Њукасл постојано е зад Сандро и тоа е супер вест за нас. Тонали е во шок и многу е тажен што за ова дозна цела јавност. Сепак, се надева дека ова искуство ќе му го спаси животот, но и животот на многу други млади личности и нивните семејства. Со проблемот ќе се соочува во тек, последните вести се дека ќе тренира со Њукасл и дека ќе може да игра претстојниот викенд. Сите соиграчи стојат зад него, – открива агентот на поранешниот играч на Милан, Бепе Рисо.
-
Англијапред 10 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 12 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 11 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 11 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 13 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 23 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Германијапред 23 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат
-
АТПпред 23 часа
Надал откри што најмногу го загрижува: Ова за мене е непозната територија…