Поврзете се со нас

Италија

Агентот на Тонали: Ниту еден италијански тим не може да си го дозволи

Објавено

на

Сандро Тонали игра во врвна форма откако ја одработи суспензијата и ужива во игрите како член на Њукасл, а бидејќи во јануарскиот преоден рок беше поврзан и со сензационално враќање во Италија, многумина почнаа а шпекулираат за такво нешто ќе има поголема шанса претстојново лето.

Италијанскиот играч за врска ја потврди својата класа во англиската Премиер лигата и покажа дека неслучајно беа платени 70 милиони евра за него, но со оглед на високата плата која ја добива на „Ст. Џејмс парк“, негово враќање во Серија А изгледа навистина малку логично.

Платите во италијанската елита се далеку од нивото на кое веќе се навикнаа и просечни играчи во Премиер лигата, па затоа агентот на Тонали вели дека неговиот клиент сега не можат да си го дозволат и најголемите клубови од Италија.

– Сандро е еден од најдобрите играчи за врска во светот, а во овој момент има вредност и плата кој тешко дека може да си ги дозволи некој италијански тим.

– Според мене, неговата кариера ќе се равива далеку од Серија А, – потенцира Бепе Рисо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни