Поврзете се со нас

Франција

Агентот на Силва го нападна претходникот на Тухел: Не знаеше да се справи со ѕвездите, ПСЖ загуби две години!

Објавено

на

Томас Тухел доби безброј позитивни коментари и пофалби директно од газдата Насер Ал Келаифи и покрај поразот во големото финале во Лигата на шампионите, разочарување кое за разлика од минатите години, овојпат позитивно го примија во француската престолнина бидејќи конечно се виде тимски дух во составот.

Германскиот стручњак успеа во она што не им одеше од рака на неговите претходници, но за негова несреќа, историскиот пласман во финалето во Лигата на шампионите не беше закитено со победа и трофеј во најпрестижното натпреварување на стариот континент.

Баерн Минхен славеше на завршниот меч во Лисабон и ја освои шестата титула во Лигата на шампионите, натпревар кој се покажа како последен за Тиаго Силва во дресот на „светците“.

Неколку дена по финалето, Бразилецот направи трансфер во Челси, а неговиот агент го привлекува вниманието со изјавите кои ги дава во јавнота, вклучувајќи ја и последната за претходникот на Тухел, Унаи Емери.

– ПСЖ загуби две години на денот кога го назначија за нов тренер. Негов главен проблем беше тоа што не знаеше како да ги решава проблемите на ѕвездите. Играчите беа тие кои го решија проблемот по расправијата меѓу Нејмар и Кавани за пеналите, а не Емери. Тој е добар тренер за Лига Европа, но не и за Лигата на шампионите. Тоа одело е премногу тешко за него. Тој беше ужасен за ПСЖ, ако тимот имаше друг тренер во тие две години, веќе ќе го имаше трофејот во Лигата на шампионите, – вели Пауло Тонието за „Лекип“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни