Италија
Агентот на Шкринијар: Интер беше тој кој го стави на трансфер листа
🔥🗣️ ÚLTIMA HORA | Habla Roberto Sistici, agente de Milan Skriniar: “Fue el Inter quien tomó la decisión de ponerlo en el mercado el pasado verano, no el jugador. ¿Renovación? De momento no existe esa posibilidad”. pic.twitter.com/SJUgpBs1Gu
— Fútbol Italiano 🇮🇹 (@FT_Italiano) January 23, 2023
Милан Шкринијар вчера заработи црвен картон и му помогна на Емполи да стигне до голема победа над Интер во Серија А, а периодов постојано е актуелен во медиумите и поради друга причина.
Се шпекулира дека словачкиот дефанзивец сигурно ќе го напушти италијанскиот клуб по крајот на сезоната и ќе ја прифати финансиски богатата понуда на ПСЖ.
Агентот на Шкринијар излезе во јавноста со изјава со која ја разјасни ситуацијата.
– Вистината е дека одлуката Шкринијар да биде на трансфер листата во текот на летото ја донесе Интер, а не самиот фудбалер.
– Поточно, Интер почнал преговори со ПСЖ, па и ние бевме информирани дека треба да преговараме за личните услови. Во еден момент преговорите беа прекинати, а Милан продолжи да ги исполнува обврските како вистински професионалец.
– Подоцна добивме неколку понуди за продолжување на договорот, но истите ги оценивме како неприфатливи, па месецов му потврдивме на Интер дека условите не се соодветни. Исто така им предочивме дека имаме право да ги слушаме понудите на другите клубови, – изјавил Роберто Систичи.
-
Светпред 21 час
Червар лут на Гобац: Тој ме смени затоа што мисли дека е татко на ракометот!
-
Светпред 22 часа
Меси отворено за односот со Мбапе: Зборувавме за финалето на СП…
-
Англијапред 8 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 17 часа
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 19 часа
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
НБАпред 20 часа
Тепачка во НБА лигата: Мичел и Брукс влегоа во жесток судир, па двајцата предвреме беа испратени на туширање (ВИДЕО)
-
Италијапред 19 часа
Алегри: Поставивме добра основа да се вратиме на вистинскиот пат
-
АТПпред 18 часа
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир