Поврзете се со нас

Англија

Агентот на Салах со кратка и мистериозна порака на социјалните мрежи откако играчот беше изваден од игра против Челси

Објавено

на

blank

Агентот на Мохамед Салах, Рами Абас Иса упати многу кратка и мистериозна порака баш во моментот кога неговиот клиент ја напушти играта на натпреварот против Челси.

Египетскиот интернационалец повторно одигра нешто послаб натпревар и Јирген Клоп се реши да го извади од игра, потег кој изненади многумина, вклучувајќи го и Џејми Карагер кој истакна дека се зачудил на ваквата одлука на Клоп.

Уште од поодамна има несогласувања на релација Салах- Клоп, а последниот потег на германскиот стратег би можел да значи и крај на авантурата на Египќанецот на „Енфилд“.

Агентот на Салах баш во моментот кога тој ја напушти играта на својот Твитер профил објави само „.“ со што го привлече вниманието на светската спортска јавност.

Салах неодамна изјави дека не би имал ништо против да заигра за Реал Мадрид или Барселона и не отфрли можен трансфер во иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни