Поврзете се со нас

Шпанија

Агентот на Роке откри колку точно ќе исплати Барселона за бразилскиот напаѓач

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Витор Роке има само 19 години и во иднина треба да биде еден од клучните играчи за Барселона во нападот, нешто во што не се сомнева неговиот агент и покрај бавниот старт на Бразилецот во тимот на Чави Ернандес.

Роке не се избори за статус на стартер во воведната фаза од престојот во Барса и одигра само 60 минути на последните шест меча, но сите во клубот се убедени дека треба да се биде трпелив со Бразилецот, особено поради фактот што доаѓа во сосема нова средина и нова култура.

Напаѓачот успеа да постигне два гола на натпреварите против Осасуна и Алавес и покажа дел од својот потенцијал, а Анде Кари е сигурен дека во иднина неговиот клиент ќе вреди барем 200 милиони евра.

Во разговорот за каталонското радио „RAC1“, претставникот на фудбалерот откри колку точно пари ќе исплати Барса за Роке, што според него е премалку за потенцијалот кој го поседува Бразилецот.

– Роке е многу добар на физички план, но уште посилен ментално. Ја чека минутажата која заслужува да ја добие и ќе ги докаже работите на теренот. Нема да замине на позајмица по крајот на оваа сезона.

– До овој момент, Барселона има исплатено 10 милиони евра за него. Во првите три или четири месеци од преговорите исплатија 5 милиони евра, а во февруари исплатија уште 5. На секои шест месеци ќе исплаќаат по 5 милиони евра се додека не се стигне до фиксната сума од 31 милиони евра, – открива Андре Кари.

– Тоа е спектакуларна операција за Барселона, веќе сега има клубови кои се подготвени да дадат 50 милиони евра за Роке. Ако биде стартер за Барса на 20 години, тој ќе вреди 200 милиони евра, – тврди агентот на Роке.

Покрај фиксните 31 милиони евра, вреди да се напомене дека во договорот меѓу Барса и Атлетико Параенсе има и низа други клаузули, според кои шпанскиот клуб може во вид на бонуси може да исплати уште 30 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни