Поврзете се со нас

Италија

Агентот на Раниери: Рома дојде од „специјалниот“ до „нормалниот“

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialASRoma

Клаудио Раниери ја прифати понудата и ќе го „гаси пожарот“ во редовите на Рома, клуб кој смени двајца тренери во досегашниот тек на сезоната Даниеле Де Роси и Иван Јуриќ.

Раниери прифати да се врати од пензија за да и помогне на „волчицата“ која многу ја почитува и сака, но освен што доби договор до крајот на кампањата со него е договорена и друга соработка.

-Раниери има и двегодишен договор како технички менаџер. Тој ќе биде консултант на сопствениците за сите спортски прашања во клубот, -открил Пјетро Киоди кој е агент на искусниот стратег.

Воедно обелодени како неговиот клиент ја прифатил понудата.

-Разговаравме со часови, Клаудио го објасни своето гледиште. Сите само ја чекаа нормалноста на Клаудио, отидоа од „специјалниот“  до „нормалниот“. Фридкинс не ни кажа кога ќе се вратат во Италија, но имавме јасна сензација дека сакаат да направат големи работи за Рома.

-Веднаш постоеше голема искреност меѓу Клаудио и претседателот. Кога сите ќе станат задоволни од преговарачката маса, тогаш јас сум ја постигнал мојата цел како агент. Бев навистина импресиониран од односот што Ден Фридкин го има со своите деца, тој постојано бараше нивно мислење за работите и сите со голема почит се однесуваа кон Клаудио, -вели Пјетро за „Кориере Дело Спорт“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни