Поврзете се со нас

Шпанија

Агентот на Олмо: Дани е во стресна ситуација, но размислува само на една опција

Објавено

на

foto: x.com/FCBarcelona

Барселона останува уверена дека ќе успее да го регистрира Дани Олмо и покрај тоа што дозволи да стане слободен агент на 1-ви јануари, од една страна поради гаранцијата за обезбедени 100 милиони евра, но и поради фактот што самиот фудбалер и неговото опкружување максимално верува во работата на претседателот Жоан Лапорта.

Првиот човек на Барселона реши да изнајми добар дел од ВИП седиштата на реновираниот „Спотифај Камп Ноу“ за да инкасира околу 100 милиони евра, сума која ќе биде доволно за регистрација на Олмо и Пау Виктор во најскоро можно време.

Единствена пречка во целата ситуација е тоа што овие пари се уште не се „легнати“ на сметката на Барселона, па сите инволвирани страни мора да бидат уште малку трпеливи пред целосно решавање на проблемот.

Во моменти на голема неизвесност, од круцијално значење за Лапорта е тоа што пристигнуваат крајно смирувачки сигнали од таборот на Олмо, за што доказ е и најновата изјава на неговиот агент.

– Убедени сме дека Барселона ќе пронајде решение. Барселона е прва и последна опција за Олмо, не сме преговарале со ниту еден друг клуб. Можам да ви потврдам дека нашата позиција не е променета, не преговараме со никој друг освен со Барселона.

– Дани е играч на Барса и сака да остане така, направи голем напор за да се врати во клубот, Барселона беше негова желба доста време. Дани, неговиот татко и јас не размислуваме за ниту една друга опција.

– Јасно е дека оваа ситуација е стресна за него, би била за секој друг фудбалер, но Дани е фантастичен играч и извонредна личност и се обидува да остане максимално мирен, – вели Енди Бара.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни