Поврзете се со нас

Англија

Агентот на Одион Игало излезе со коментар за иднината на неговиот клиент

Објавено

на

На крајот на овој месец договорот за позајмица на Одион Игало со Манчестер Јунајтед ќе истече и се уште не е познато дали тој ќе остане на „Олд Трафорд“ или ќе се врати во Шангај.

Сега во јавноста за прв пат со свој коментар излезе и агентот на фудбалерот кој појасни дека постои сериозна можност тој да остане во Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед бара од Шангај да го остави Игало барем до крајот на сезоната, а Лади Салами изјави дека екс напаѓачот на Вотфорд би можел да остане на „Театарот на соништата“ уште подолго.

– Од една страна, Игало се чувствува многу добро во Манчестер и е многу блиску до договор за платата.

– Преговорите со Кинезите се одвиваат сосема добро. Од друга страна пак, по последните регулативи речиси е невозможно да се понудат пари како што нудат во Кина, -изјави Салами за „ФутМеркато“.

Одион Игало во неколку наврати појасни дека сака да потпише перманентно за Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни