Поврзете се со нас

Италија

Агентот на најталентираниот стручњак во Серија А: Никој не сака да биде тренер на Наполи

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Тиаго Мота е трет најмлад тренер во Серија А и со 41 година важи за најталентиран фудбалски стручњак во италијанската елита, особено поради тоа што неговата Болоња забележува неверојатни резултати без ниту една ѕвезда во тимот.

Мота веќе неколку години напорно се развиваше како фудбалски стручњак и неговата фудаблска идеја веќе е позната за цела јавност на чизмата, па многумина предвидуваат дека може да направи голем трансфер веќе претстојново лето.

Фабио Капело посочи дека Мота е подготвен за било кој италијански или голем европски клуб, но неговиот агент уште отсега исклучи една опција, а тоа е Наполи.

– Треба да се постават неколку прашања во Наполи. Што мислите, зошто си замина Спалети после освоена титула во Серија А. Ако си го поставеа ова прашање, ќе сфатеа дека имаат лошо опкружување за било кој тренер.

– Ќе им биде тешко да пронајдат тренер од топ класа, никој не сака да оди таму. Да бидам искрен, не гледам дека некој како Конте би завршил таму. Влијанието и мешањето на претседателот не ги олеснуваат работите за било кој тренер, – вели агентот на Мота, Дарио Канови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни