Поврзете се со нас

Италија

Агентот на најбараниот играч во Серија А: Тој треба да остане во Италија

Објавено

на

Принудната пауза поради кооронавирусот направи да слушаме безброј шпекулации за тоа што може да се случи во летниот преоден рок два месеци претходно, а дефинитивно, една од најактуелните теми на Апенините е иднината на фудбалската сензација која ја поседува Бреша.

Тимот кој е на дното на табелата во елитното друштво во ниту еден случај нема да може да го задржи Сандро Тонали, но бидејќи за тинејџерот се интересираат и фудбалски гиганти од Премиер лигата и Примера, се повеќе на значење добива и мислењето на неговиот агент.

Бепе Бозо смета дека големиот талент од средниот ред треба да избере нов клуб во неговата родна земја, а во оваа тесна трка, сигурно посебно жестоко ќе се борат Јувентус и Интер кој делуваат финансиски најмоќно во овој момент.

– Го познавам повеќе од две години и веднаш го засакав. Потекнува од фантастично семејство и многу е културен.Цело негово опкружување е важно за неговиот раст во секој поглед, репутацијата која ја добива на оваа возраст не е случајна.Дебитантската сезона во Серија А ја мина во фантастичен колорит и му дава простор за избор, – вели Бозо и додава.

– Слушнав дека претседателот Селино ќе му дозволи самиот да го има последниот збор и да го избере клубот.Би рекол дека треба да остане во Италија уште неко време. Експресно може да се адаптира во еден од топ клубовите во нашата земја. Ќе биде вистинска штета за Серија А да загуби таков потенцијал, – завршува агентот во интервјуто за „Газета“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни