Поврзете се со нас

Шпанија

Агентот на Мората за иднината на напаѓачот: Тој ќе…

Објавено

на

Алваро Мората претходните две сезони ги мина во Јувентус, клуб кој не се реши да ја активира опцијата за откуп по што Шпанецот се врати во Атлетико Мадрид.

Тој имаше одлични подготовки со тимот од Ла Лига иако прашањето за неговата иднина е отворено, а фантастично ја започна и кампањата во Примера каде вчера даде два гола во триумфот на Атлетико над Хетафе.

По ова веќе станува јасно каде ќе го гледаме Мората во натпреварувачката 2022/2023, информација која директно ја соопшти и агентот на шпанскиот репрезентативец, Хуанма Лопез.

-Тој почна многу добро. Во моментов тој е во Атлетико и му е многу удобно. Во моментов тој одигра одличен натпревар, секој напаѓач сака голови. Алваро има договор со Атлетико Мадрид, овде ќе остане тука, -порача Лопез.

Алваро е врзан со „душекџиите“ до 30 јуни 2024 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни