Италија
Агентот на Месиас откри каква била првата реакција на Малдини кога го видел Бразилецот во Серија Д

Жуниор Месиас до пред само три години настапувал во четвртата италијанска лига и често знаел да испорачува машини за перење и апарати за домаќинство со цел да има што подобра соработка, а во средата ја дочека својата ѕвездена ноќ, и тоа во дебито во Лигата на шампионите.
Во својот прв натпревар во Европа, 30-годишниот Бразилец направи својата необична фудаблска приказна да стане вистинска бајка, бидејќи погоди во мрежата на Атлетико Мадрид за 0:1 и му донесе голема победа на Милан.
Италијанската јавност остана изненадена кога Малдини го договори Месиас во последниот ден од летниот преоден рок, но сега агентот на фудбалерот открива дека легендарниот Паоло го „намирисал“ Бразилецот уште во 2016-та година кога гледал натпревар на својот син. Месиас играл на натпреварот меѓу Чиери и Про Сесто (клуб на синот на Малдини), по што легендарниот стопер веднаш воочил дека на Бразилецот не му е место во Серија Д.
– Момчето со број 7 на грбот е многу силно, дефинитивно е најнадарен на теренот. Си го уништува својот талент во Серија Д, – гласеле зборовите на Малдини според агентот на Месиас, Марсело Бонето.
– Во тоа време, ние сакавме Месиас да биде забележан и да скокне во Серија Ц и да почне да игра на професионално ниво. Неговиот раст е импресивен, – додава агентот на Месиас во интеврјуто за „Газета“.
-
Шпанијапред 24 часа
Сестрата на Роналдо се навреди од ироничната порака на Перез и дрско му одговори на Инстаграм (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Фабрегас се исповеда: Го погодив Фергусон со пица бидејќи ми беше страв да влезам во тепачката!
-
Германијапред 20 часа
Ексклузива на германски „Скај“: Компани направи пресврт, Чурлинов постигна конечен договор (Фото)
-
Светпред 17 часа
Познати номинираните фудбалери за „Златната топка“, на списокот нема една голема ѕвезда
-
Светпред 15 часа
Бабунски влезе од клупа и спаси бод за Дебрецен (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Вернер: ВАР ме уништи во Челси, поставив рекорд кој никој нема да го урне
-
Шпанијапред 15 часа
Барселона почна да ги регистрира засилувањата, засега виси само еден нов играч на Чави
-
Англијапред 20 часа
Играч на Челси заспа додека добиваше третман, Жоржињо го разбуди со шлаканица (Видео)