Италија
Агентот на Лаутаро открива: Интер е подготвен за уникатен договор во модерниот фудбал

Лаутаро Мартинез пристигна во Интер од редовите на Расинг за сума од 25 милиони евра во 2018-та година, а пет години подоцна, аргентинскиот напаѓач вреди најмалку три пати повеќе.
Мартинез во меѓувреме прерасна и во капитен на Интер и сите во клубот ги препознаваат неговите вредности на теренот и надвор од него, па затоа во таа насока одат и преговорите меѓу двете страни.
Аргентинецот е под договор со Интер до 2026-та година и двете страни се сложни за продолжување на соработката, а еден од плановите е навистина уникатед и се однесува на тоа Лаутаро да биде редок пример во модерниот фудбал.
Агентот на Мартинез не ја исклучува можноста Лаутаро да остане во Интер цела кариера, нешто што беше специфично за одредени фудбалери во некои навистина поинакви фудбалски времиња.
– Нашиот однос со Интер е изграден од доверба. Мислам дека ќе постигнеме многу добар договор за двете страни. Најважно од се е тоа што менталитетот на двете страни е Лаутаро да остане тука цел живот и сакам да му се заблагодарам на клубот што има такви планови, – вели Алехандро Камано.
-
Англијапред 14 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 13 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 12 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 13 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 15 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Светпред 24 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година
-
Италијапред 14 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 8 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)