Поврзете се со нас

Италија

Агентот на Лаутаро најави: Интер ќе соопшти голема вест

Објавено

на

foto:twitter.com/Inter_en

Лаутаро Мартинез максимално среќно и задоволен ја заврши сезоната, но многу брзо по истекот на истата, капитенот на Интер се договорил за она што беше топ тема со месеци наназад.

Интер пред неколку дена потврди дека му е продолжен договорот на Николо Барела, но после оваа важна операција на „Оуктри“, новото раководство постигнало конечен договор и со Мартинез.

Аргентинскиот напаѓач ги прецизирал последните детали и ги завршил преговорите со Интер на најдобар можен начин, па за очекување е пред почетокот на Копа Америка да се потврдат добрите вести.

Агентот на Лаутаро самиот потврди дека двете страни постигнале договор, но предноста ќе му ја дадат на клубот за да открие детали од зделката.

– Договорот е дефинитивно постигнат, Интер и Лаутаро ќе одлучат кога е вистински момент за соопштување. Клубот ќе биде тој што ќе има предност. Цело време работев за интересите на мојот клиент, а неговата желба е моја заповед, – изјави агентот Алехандро Камано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни