Поврзете се со нас

Италија

Агентот на Кварацхелија за неговата иднина: Ќе го напушти Наполи…

Објавено

на

Квича Кварацхелија ја игра втората сезона во дресот на калчолигашот Наполи, тим во кој одлично се снајде и го привлече вниманието на јавноста, но и на поголемите, побогатите тимови во топ лигите во Европа.

Грузиецот кој има 23 години има договор со калчолигашот до 2027 година, меѓутоа останува знак прашање дали по оваа кампања ќе остане во Неапол.

Агентот на офанзивецот, Манума Југели откри дека сите опции во игра, односно дека добра понуда може да донесе заминување на неговиот клиент од сегашната средина.

-Што се однесува до иднината, разговараме со клубот, ќе видиме што ќе биде. Тој ќе си замине доколку друг клуб достави понуда која управата нема да може да ја одбие.

-Не можам да зборувам за одредена сума, тоа се проценки на Де Лаурентис. Го штитам договорот и работата на Квича. Сè ќе биде јасно на крајот на мај, -порача за грузиската верзија на „Газета Дело Спорт“ човекот кој го застапува Кварацхелија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни