Агентот на Кутињо: Барселона ќе го замени Филипе со Гризман: Тоа е…

kutinjo

Филипе Кутињо има тешка сезона во Барселона и има многу сомнежи дали и во иднина ќе продолжи да биде дел од шпанскиот великан.

Низ медиумите во Шпанија и низ Европа доста се пишува дека постои голема можност Кутињо да си замине од „Камп Ноу“, поточно Барса со неговата продажба да собере средства кои би ги искористила да купување на други играчи. Еден од оние кои се споменува е Антоан Гризман за кого каталонците повторно се загреани, а во прилог на целата оваа приказна оди и фактот  што самиот напаѓач е подготвен да си замина од Атлетико Мадрид и тоа јавно вчера го соопшти и побара со што дополнително го исфрлија Кутињо на излезна врата од Барселона.

Меѓутоа денеска агентот на Бразилецот даде една интересна, јасна изјава во однос на темата Кутињо-Гризман, па преку „АС“ порача:

-Не е вистина дека Гризман ќе го замени Кутињо во Барселона. Не знам зошто тоа го велат. Не знам ништо за тоа и поради тоа не сакам да зборувам повеќе, ама тоа е лага, -порача застапникот на Кутиењо, господинот Андреа Бертолучи.

Facebook Коментари