Поврзете се со нас

Англија

Агентот на Корона потврди дека гигант од Премиер лигата се интересира за него

Објавено

на

Од редовите на Челси работат на засилување на својот тим во пресрет на следната сезона во која ќе атакуваат на што повисок пласман во Премиер лигата.

„Сините“ веќе го ангажираа офанзивецот на Ајакс, Хаким Зијеш, а откако пропуштија можност да го донесат Дрис Мертенс од Наполи сега се насочија кон ангажман на друг играч кој нема да ги чини многу.

Челси е заинтересиран за крилниот фудбалер на Порто, Хесис Корона кој игра стандардно во португалскиот тим веќе неколку сезони.

Оваа сезона Корона на вкупно 41 натпревар во дресот на Порто постигнал два погодоци и запишал вкупно 17 асистенции што било доволно тој да се наметне како избор за Челси.

Дека има вистина во најавите потврди и агентот на играчот,  Матијас Бунџ кој истакна дека веќе се остварени првичните контакти.

– Ние разговаравме со нив. Не можам да кажам дали мојот агент е прва, втора или трета опција за нив, тоа секако се шпекулации.

– Треба да почекаме да видиме што ќе се случи кога ќе продолжат лигите и потоа да одлучиме какви чекори ќе преземеме, затоа што сега трансфер пазарот е стопиран и нема да е вообичаен трансфер пазар како другите години.

– Има уште две години од неговиот договор со Порто. Со неговите настапи оваа сезона кон себе привлече голем интерес, но сега со актуелната ситуација со вирусот се забави, па ќе видиме што ќе се случи, -изјави Бунџ.

Корона е редовен мексикански репрезентативец, а интересен е за Челси затоа што освен на крилната, може да покрие и на десната бековска позиција, па би бил одличен кога би се форсирала тактика со тројца стопери и двајца офанзивни бекови, нешто на што сме навикнати од Челси последниве години.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни