Поврзете се со нас

Италија

Агентот на клучниот играч на Наполи: Постигнавме договор со Барселона, но промената на тренерот ги менува нештата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/sscnapoli

Станислав Лоботка веќе неколку сезони е клучен фактор во средниот ред на Наполи и продолжува со фантастичните изданија и на Европското првенство, каде беше избран за МВП на мечот меѓу Словачка и Белгија.

Искусниот играч за врска се етаблираше во Наполи како еден од најдобрите техничари во Серија А, но последно беше посебно популарен во јавноста поради изјавата која ја даде Чави Ернандес.

Тренерот на Барселона отворено искажа воодушевување за играта на Лоботка и го посочи како играч кој сака да го види во својот тим, сценарио кое најверојатно ќе се случеше доколку Чави останеше на „Камп Ноу“.

Всушност, Лоботка постигна преддоговор со Барса за трансфер ова лето кога ќе се кристализира цела финансиска состојба, но промената на тренерот сега целосно ги менува работите.

– Ги договоривме деталите со Барселона, но следеше неочекувана промена на тренерот. Ситуацијата сега е променета и не е доволно јасна. Барселона има финансиски проблеми и сега сме во исчекување.

– Операцијата не е во ќор-сокак, се уште има опција да еволуираат преговорите. Цел свет знае каков играч е Лоботка и нема да недостасуваат понуди. Сите се запознаени со неговите квалитети во Барселона, Мадрид и Англија, – вели бранислав Јарушек, агентот на Лоботка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни