Поврзете се со нас

Англија

Агентот на јануарското засилување на Тотенхем: Следен чекор ќе му биде Реал Мадрид

Објавено

на

Foto:twitter.com/GenoaCFC

Раду Драгушин е на пат кон Северен Лондон и донесе конечна одлука за својата иднина, а тоа е трансфер во редовите на Тотенхем за сума од 25 милиони евра.

Романскиот дефанзивец се развиваше во фудбалската школа на Јувентус и мал дел од овие средства ќе завршат во клубот од Торино, но досегашниот член на Џенова привлече навистина големо внимание поради тоа што интерес за него имаше од дури четири елитни клуба.

Покрај Тотенхем, во битка за потпис беа и Наполи и Милан, но најсериозен кандидат за „петлите“ беше Баерн Минхен кој сепак во последен час разбра дека Драгушин веќе му дал збор на Даниел Леви.

Младиот стопер има светла иднина пред себе и проекциите за него се навистина многу големи, а агентот е убеден дека за три години може да игра за Реал Мадрид.

– За три или четири години, го гледам во Реал Мадрид. Следен чекор ќе му биде Реал Мадрид, ова е само почеток на нашиот пат. Ќе стигнеме до таму, ова е само стартот за Раду. Го одбивме Баерн и се уште не ни се верува, но неговиот сон е Реал Мадрид или Барселона, – изјави Флорин Манеа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни