Поврзете се со нас

Шпанија

Агентот на Икарди шокираше со изјавата: Преговараме со шпански великан

Објавено

на

Foto:twitter.com/GalatasaraySK

Реал Мадрид не донесе вистинска замена за Карим Бензема и реши да го ангажира само Хоселу Мато, но шпанскиот репрезентативец е само резервна опција за Карло Анчелоти и обично добива шанса како „џокер“ во завршницата од натпреварите.

Многумина сметаат дека на Реал му е потребен уште еден напаѓач на долгорочен план, а привремено решение за вториот дел од сезоната може да биде прилично шокантно.

Реал Мадрид стапил во контакт со претставникот на Мауро Икарди кој втора сезона блеска во Галатасарај, вест која ја потврди и агентот на поранешниот капитен на Интер.

– Се уште нема официјална понуда од Реал Мадрид, но од вчера сум во Мадрид. Се уште нема официјална понуда, но зборуваме со одговорните луѓе на Реал и имаме отворено преговори со шпанскиот великан.

– После ова, ќе се вратам во Истанбул и ќе се состанам со Ерден Тимус, потпретседателот на Гаталатасарај. Ќе го гледам натпреварот против Јунајтед во Лигата на шампиони и потоа ќе зборувам и со Мауро. Тоа е се што можам да кажам во моментов, – изјави денеска агентот на Икарди, Елио Летерио Пино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни