Агентот на Игуаин посочи зошто напаѓачот на Јувентус е на исто ниво со Ибрахимовиќ

iguain-slavi

Николас Игуаин, братот и агентот на Гонзало Игуаин, имаше интервју за „Тутоспорт“ во кое што зборуваше за кариерата на напаѓачот на Јувентус.

– Се сеќавам кога Гонзало потпиша за Јувентуд, тој ме прегрна и од радост ме фрли во воздух. Беше многу среќен. Тој секогаш даваше голови, но во Јувентус, клубот ти помага да се развиваш. Клубот е една неверојатна организација – вели Николас.

Беше прашан и за трката за скудетото сезонава, во која што Јувентус засега заостанува.

– Сезоната е долга и ако Јувентус продолжи вака, тогаш може да ја освои титулата. Гонзало го освои скудетото во својата прва сезона со клубот, како Копа Италија, а стигна и до финалето на Лигата на шампиони. Никој не може да се сомнева во кариерата на брат му. Во изминативе 11 години во Европа само тој и Ибрахимовиќ постигнаа 100 гола во две различни топ лиги – изјави агентот.

 

Facebook Коментари