Поврзете се со нас

Шпанија

Агентот на играч на Лестер потврди дека Барселона се интересира за него

Објавено

на

Барселона ова лето ќе се обиде да донесе нов централен дефанзивец кој би требало да го засили последниот ред пред Тер Штеген.

„Каталонците“ се интересираат и во своите редови сакаат да го донесат фудбалерот на Лестер Сити, Чаглар Сојунчу.

Ваквите информации ги потврди и агентот на турскиот интернационалец, Мустафа Догру кој отиде дотаму и најави дека постои можност Чаглар да игра за Барселона.

– Можно е ЧАглар да игра за Барселона ова лето. Барселона се интересираше за него и додека тој играше за Алтинорду.

– Преговаравме со нив и ни презентираа проект, но мислевме дека требаше да одиме во тим каде што ќе игра перманентно. Поради тоа, одлучивме да ја прифатиме понудата на Фрајбург, -изјави агентот на играчот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни