Поврзете се со нас

Шпанија

Агентот на Хакими: Само еден играч може да се споредува со Ашраф

Објавено

на

Ашраф Хакими многу брзо се претвори во еден од најпосакуваните бекови во светот, откако позајмицата во Борусија Дортмунд се покажа како полн погодок за мароканскиот репрезентативец.

Во целата оваа ситуација, јасно е дека глвен збор ќе има Реал Мадрид, клубот кој ги поседува правата на талентираниот играч, но и кој ќе мора да донесе одлука дали ќе му даде шанса со редовна игра. Минутажата е она што најмногу го засега Ашраф во оваа фаза од кариерата, а тоа одново го нагласи и агентот на 21-годишниот десен бек.

– На почетокот на својата кариера, Ашраф за конкурент го имаше Карвахал, светски шампион и неверојатен борец. Затоа одлучивме да замине на позајмица, најдобро беше да се формира како играч, што и се случи во Борусија. Тој покажа дека не е обичен играч, сега постоја големи опции да се врати во Реал Мадрид знаејќи дека е еден од најдобрите бекови во светот.

– Сигурно ќе се врати во Мадрид после оваа сезона, но ќе се анализира ситуација. Нема да брзаме, иако не сакаме да избегаме од ставовите на Реал. Тој знае дека Реал би бил најдобро место за него, – порачува агентот Алехандро Камањо и завршува.

– Само Александер Арнолд може да се споредува со Ашраф. Другите немаат бројки за да се носат со нив. Тие се двајцата најдобри бекови во светот, – завршува Камањо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни