Германија
Агентот на Гвардиол проговори за иднината: Неговиот напредок е неверојатен…
Јошко Гвардиол е еден од најдобрите играчи на Хрватска на овој Мундијал со што дополнително си ја зголеми цената на трансфер пазарот, а со тоа воедно и го сврте вниманието кон себе.
Дефанзивецот има само 20 години, но без разлика на возраста покажува многу зрели партии, има изданија кои се импресивни, па се некако изгледа како да е прашање на време кога РБ Лајпциг ќе се реши за негова продажба.
Меѓутоа Хрватот не се брза и нема намера по секоја цена да си замине од бундеслигашот каде има одлична соработка со тренерот Марко Розе.
-Во врска со евентуален трансфер во летото 2023 година, не брзаме и можам да појаснам дека нема преддоговор со ниту еден клуб. Секако, многу врвни тимови се информирани за него, но Јошко има долгогодишен договор во Лајпциг. Јошко се чувствува многу среќен во Лајпциг. Неговиот развој е неверојатен и РБ игра многу добро под водство на Марко Розе, -порача агентот на хрватскиот репрезентативец, Марјан Шишиќ за „Скај Германија“.
Гвардиол има договор со „биковите“ до 2027 година, а во моментов како најзагреан тим за неговите услуги е премиерлигашот Челси.
-
Светпред 20 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 22 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 21 час
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 15 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар
-
Англијапред 24 часа
Фердинанд го охрабрува Челси да го урне трансфер рекордот: Тоа ќе биде лудо добар потег