Агентот на Елмас: Разговорот со Анчелоти беше пресуден за трансферот

elmas

Македонскиот репрезентативец Елјиф Елмас сезонава настапува за Наполи, а при одлуката каде ќе ја продолжи кариерата, пресудила неговата верба во победничкиот проект на италијанскиот клуб.

Ова за италијанските медиуми го изјавил агентот на Елмас, Џорџ Гарди, кој потенцирал дека Карло Анчелоти одиграл клучна улога во убедувањето на играчот за врска.

– Елмас го избра Наполи затоа што сака да освојува трофеи. Откако зборуваше со Анчелоти, тој беше уште поубеден дека „сините“ се победнички проект. Тренерот притискаше во разговорите, имаше клучна улога во преговорите, а и самиот сфати дека Елмас има голема мотивација да му помогне на Наполи.

– Елиф е фудбалер кој секогаш го дава максимумот на теренот, а добриот прием од фановите ќе му помогне при адаптацијата, – изјавил Гарди.

Facebook Коментари