Поврзете се со нас

Италија

Агентот на еден од играчите за кои е заинтересиран Интер потврди: Тој сака само во Серија А

Објавено

на

Интер и Антонио Конте и покрај кризата предизвикана од коронавирусот ќе имаат солидни финансиски средства за трошење во овој преоден рок.

„Нероазурите“ очекуваат неколку засилувања ова лето со кои дополнително би го зголемиле квалитетот и би се доближале до сега водечките Лацио и Јувентус.

Одреден период се шпекулира дека Интер е заинтересиран и за аргентинскиот фудбалер и член на Спортинг Лисабон, Маркос Акуња.

Според агентот на играчот, Пабло Дел Рио, неговиот клиент сакал преселба само во Италија, со што уште повеќе се зголемија шпекулациите дека тој би можел да се пресели во редовите на Интер.

– Има многу клубови заинтересирани за Акуња и со нив разговараме во овој момент. Сепак, не сакам да споменувам имиња сега.

-Можам да признам само дека Италија и Серија А се приоритет за него. Ќе видиме како ќе се одвиваат преговорите кога кризата со Ковид-19 ќе биде решена, -изјави Дел Рио.

Инаку, Акуња е играч кој може да покрие на бековските позиции во одбраната, а одлично се снаоѓа и на офанзивните крилни позиции. Познато е дека вакви фудбалери преферира Антонио Конте, па токму затоа и ќе се обиде да го донесе во своите редови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни