Агентот на Џеко откри зошто пропаднал трансферот во Интер

dzeko-kolarov

Напаѓачот Един Џеко во летниот преоден рок долго се поврзуваше со трансфер во таборот на Интер, меѓутоа до тоа не дојде затоа што клубовите не успеаја да најдат заеднички јазик по што на крајот репрезентативецот на Босна и Херцеговина се одлучи да ја прифати понудата за нов договор од Рома до 2022 година.

Околу оваа тема Џеко и Интер и за тоа што се случувало сега отворено проговори агентот на фудбалерот, Силвано Мартина кој за „СпортИталија“ кратко и јасно истакна:

-Интер навистина го сакаше, ама мораше да чекаме до последните денови од сезоната за да тие донесат одлука, а Џеко не беше подготвен за тоа. Ќе беше среќен во Интер, возбудливо е да се игра во ЛШ. Интер може да биде најблиску до Јувентус во борбата за Скудетото, -порача Мартина.

Facebook Коментари