Свет
Агентот на Двамена за трагедијата на теренот: Веруваше во Бог, но не и на медицината!

Трагилната смрт на Рафаел Двамена ја трогна цела спортска јавност ширум светот, а многумина почнаа да пишуваат дека неговиот тажен пример треба да послужи како пример за преземање на се построги и ригорозни мерки во послабите првенства какво што е албанското.
Поранешниот соиграч на Енис Барди почина на 28 години откако колабираше на првенствиот натпревар меѓу Егнатија и Партизани, што е последица на неговата непослушност и недостаток на верба кон технологијата и медицината.
Срцевите проблеми на Двамена беа откриени по неговата етапа во Леванте и за време на престојот во Сарагоса му беше вграден дефибрилатор како оној на Ериксен за да го контролира неговото срце, но пред две години, Рафаел самоиницијативно решил да го извади уредот од своето тело. Напаѓачот го направил тоа по свое барање и потпишал изјава во швајцарската болница, според која се согласил дека целиот ризик за понатамошните случувања го презема самиот тој.
За оваа тажна приказна сега се огласи и неговиот агент, кој всушност е и поранешен познат фудбалер од Швајцарија, Филип Деген.
– Рафаел беше фантастична личност и многу го сакав. Но, тој не сакаше да ги слуша најблиските до него. Имаше многу алтернативи во фудбалот, можеше да стане менаџер, да биде амбасадор, или тренер. Ги имаме најдобрите лекари во светот и постојано го предупредуваа дека срцето му слабее и дека е опасно да игра фудбал. Имаше преголема верба во Бог, а премала во технологијата и медицината, – вели Деген.
Огорчени од трагичните случувања на теренот се и сите албански медиуми, кои по немилиот настан од својата Федерација побараа далеку построги лекарски контроли кон фудбалери кои имаат срцеви аномалии.
-
Англијапред 11 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 9 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 24 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Светпред 10 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 22 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 12 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Англијапред 10 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Германијапред 22 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат