Поврзете се со нас

Италија

Агентот на Дибала на средба со Интер, Аргентинецот пред промоција во големиот ривал на Јувентус (Видео)

Објавено

на

Пауло Дибала може да донесе одлука за следниот клуб во кариерата уште деновиве, а тоа го потврдува и денешната средба во седиштето на Интер.

Клубот од Милано бил домаќин на Хорхе Антун, агентот на Аргентинецот кој вели дека е оптимист по прашањето дали двете страни ќе постигнат договор за соработка.

„Газета дело спорт“ тврди дека Интер ќе му понуди 4-годишен договор на Дибала, а според истиот, фудбалерот би заработувал 6 милиони евра плус дополнителни бонуси.

Антун денеска е снимен како влегува во клупските простории на Интер, а разрешницата за евентуалниот трансфер може да биде потврден деновиве.

Дибала не доби понуда за продолжување на договорот со Јувентус, па иако клубот ја донесе одлуката, на фановите на „бјанконерите“ нема да им се допадне фактот што Аргентинецот ќе прифати да игра за лутиот ривал од Милано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни