Поврзете се со нас

Шпанија

Агентот на Дембеле: Барселона ни се заканува со нешто што е забрането во фудбалот!

Објавено

на

Претставениците на Усман Дембеле не се на иста бранова должина со раководните стуктури на Барселона и тоа е познато веќе неколку месеци, бидејќи првичниот план на каталонскиот гигант беше да го обнови договорот на Франзуцинот до крајот на 2021-ва година.

Во овој момент, се добива впечаток дека крилниот напаѓач е многу поблиску до заминување, отколку од останување во Барселона, за што доказ е и последното брутално интервју на агентот на Дембеле кој со сета сила распали по водечките луѓе на клубот.

Муса Сисоко открива дека Барселона на низок начин им се заканува и не води никакви преговори, но како што вели тој, од таквите провокации на крајот ќе загуби само каталонската гордост.

– Барселона прави притисок врз нас, а не сака да седне на маса. Такво нешто не функционира со луѓе како нас. Можат да вршат притисок врз агенти кои се во блиски односи со клубот, но тоа не е така со мене. Јас ги бранам интересите на мојот фудбалер и тоа е она што ме интересира, – вели Сисоко во интервјуто за „Радио Монте Карло“.

– Не планираме да одгатнуваме дебати на социјалните мрежи, тука сме за да ја говориме вистината. Точно е, имаме високи барања, но во минатото докажавме дека на прво место не ни се парите, бидејќи Дембеле воопшто немаше да биде тука. Ако Барселона сакаше да преговара, ќе не викнеше да седнеме на маса. Наместо тоа, ни се закануваат дека тој нема да игра со тимот до крајот на сезоната ако не го продолжи договорот. Тоа е забрането, ќе ги браниме интересите на Дембеле ако дојде до такво нешто. Се уште ништо не е решено, но самите лидер на Барселона прават да го загубат Дембеле. Од самиот старт ставивме до знаење дека сакаме да преговараме и да зборуваме и се уште не ја затвораме вратата, – потенцира агентот на Усман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни