Германија
Агентот на Дејвис: Реал беше сериозна опција и водевме преговори, но…….

Агентот на Алфонсо Дејвис долго време им одеше на нерви на раководните лица во Баерн Минхен, па иако имаше периоди кога изгледаше дека операцијата дефинитивно ќе пропадне, баварскиот великан со голема упорност успеа да направи пресврт во ситуацијата.
Дејвис после две години преговори стави потпис на нов договор со Баерн Минхен, а парафот кој значи дека се обврзува на верност до 2030-та година автоматски значеше дека левиот бек и дефинитивно нема да биде големо летно засилување за Реал Мадрид.
Дел од шпанските медиуми веќе го најавија Дејвис како уште едно елитно засилување за Реал од „Алијанц арена“, но на крајот Дејвис реши да не ги следи стапките на Тони Крос и Давид Алаба, потпишувајќи нов долгорочен договор со баварците.
Во разговорот за „Винвин“, Недал Хусех се обиде да објасни зошто Дејвис на крајот не заврши во Реал, бидејќи ретко кога се случува еден фудбалер да одбие понуда од Флорентино Перез.
– Постојано водевме разговори со неколку клубови, а секако дека еден од нив беше и Реал Мадрид. Сепак, на крајот не се постигна договор со ниту еден друг клуб и ја оставивме вратата отворена до последен момент.
– Реал Мадрид без никаков сомнеж беше сериозна опција, имавме разговори и преговаравме, но не беа единствени во тоа. На крајот, Алфонсо мораше сам да донесе одлука и тој реши да остане во Баерн Минхен. Тоа го направи со неизмерна почит кон Реал Мадрид, бидејќи навистина посебна е честа да добиете понуда од таков клуб. На крајот, конечната одлука ја донесе сам, а реши да остане во клубот и градот кои ги чувствува како свој дом, – објаснува агентот на популарниот „Фонзи“.
-
НБА19 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија12 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија16 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија14 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА19 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
АТП13 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Шпанија20 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
Италија8 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)