Поврзете се со нас

Германија

Агентот на Дејвис ги обвини Канаѓаните за тешката повреда на бекот на Баерн

Објавено

на

foto: x.com/FCBayern

Алфонсо Дејвис се вратил во Минхен со скинати лигаменти на коленото и неговиот клуб Баерн официјално потврди дека мора да паузира неколку месеци по очекуваната операцација.

Левиот бек заработил повреда на дуелот за третото место во КОНКАКАФ Лигата на нации меѓу Канада и САД, а неговиот агент ја префрлил одговорноста на канадскиот стручен штаб.

– Многу сум разочаран.

– Алфонсо не беше 100 проценти подготвен за настап по дуелот со Мексико и не беше планирано да стартува против Американците.

– Не требаше да биде во првите единаесет, но почувствував дека над него се врши притисок бидејќи е капитен, а тој нема да каже „не“ во такви моменти. На крајот ете како заврши натпреварот за него, очекувам канадската репрезентација подобро да менаџира со фудбалерите, – изјавил Недал Хусех.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни