Италија
Агентот на Бове открива импресивен гест од „кралскиот клуб“: Реал уште еднаш ја покажа својата класа
![](https://derbi.mk/wp-content/uploads/2024/12/bove-fiore.jpg)
Едоардо Бове колабираше на теренот за време на натпреварот меѓу Фиорентина и Интер и буквално се бореше за живот во период од неколку минути, а само брзата реакција медицинските лица и оние од итната помош направија тој безбедно да биде пренесен во болница.
По неколкудневниот мониторинг и вградениот дефибрилатор за следење на срцевиот ритам, младиот играч за врска беше отпуштен од болница и сега веќе мисли на рехабилитација и враќање на терените, нешто што може да го прави и со задржување на споменатиот уред во неговото тело.
Бове имаше емотивно обраќање откако си замина од болница и најави дека приоритет му е повторно да заигра фудбал, а истиот став го дели и неговиот агент, Диего Тавано.
– Едоардо не планира да отстапи ниту еден милиметар, нема да се откаже и ќе се врати на фудбалот. Тој се чувствува добро после се, остана позитивен во најтешките моменти и јас секогаш ќе бидам блиску до него во обидот да си ја оствари целта, – открива Тавано, кој во период кога дозна дека цело фудбалско опкружување го поддржува Бове, сепак останал најимпресиониран од Реал Мадрид.
– Благодарност до Фиорентина и сите вклучени во клубот за чувствителноста и вниманието кое го посветија. Сакам да му се заблагодарам на цело фудбалско семејство, поддршката која ја добивме беше неверјатна. Сепак, ако треба да бирам еден, најимпресиониран сум од Бутрагењо. Постојано ми се јавуваше за да ми каже дека Реал Мадрид како клуб стои на располагање за билошто. Го стави на располагање целиот тим и остана близок до нас во секој момент. Реал уште еднаш ја покажа својата класа, за разлика од некои други фудбалски работници како агентите. Имаше колеги кои се обидоа да придобијат фудбалери кои ги застапувам додека минувавме низ драмата со Бове, – открива Тавано.
-
Англија21 час
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП15 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Македонија23 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија14 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија18 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)