Шпанија
Агентот на Бензема со жестока порака: Фудбалот одамна не е приоритет на ФИФА

Карим Бензема играше во одлична форма во текот на целата мината година, а во тој стил продолжи и годинава, предводејќи го Реал Мадрид до посакуваните резултати на повеќе фронтови.
Но, според ФИФА, Французинот не заслужил да се најде во најдобрата постава за 2021 година, нешто што очигледно го налути и неговиот агент, Карим Џазири.
Во најдобрите единаесет се најдоа Левандовски, Меси, Халанд и Роналдо, а немаше место за Салах и Бензема, кои пак ги освоија третото и четвртото место во битката за индивидуалната награда на ФИФА.
– Потегот да не се вклучи Бензема во најдобриот тим за минатата година е непочитување на фудбалот.
– Но, знаеме дека фудбалот не е главната грижа на ФИФА и тоа трае подолго време, – напишал Џазири на Твитер.
Изборот на најдобрата единаесетка го прават професионалните фудбалери од цел свет и за разлика од индивидуалното признание, во него не се вклучени гласови од панел експерти.
-
Англијапред 12 часа
Сити беше на колена, па за пет минути направи чудесен пресврт и ја одбрани титулата во ПЛ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Играч на Реал го „поздрави“ Мбапе: Да се биде дел од Мадрид е привилегија која не може секој да ја има!
-
Македонијапред 22 часа
Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!
-
Македонијапред 10 часа
Давидовски по триумфот во ТЦР Европа: Знаев дека победата е на дофат!
-
Шпанијапред 20 часа
Последната објава на Бензема предизвика лавина од реакции: Карим изневерен од Мбапе (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Ибрахимовиќ во елемент: Излезе да слави титула со пура и шампањ (ВИДЕО)
-
Светпред 18 часа
Класа потег: Иџе и Вуков први му честитаа на Давидовски за историскиот успех (Фото)
-
Францијапред 18 часа
Лизаразу во неверица: Мбапе фрли на колена една земја и најголемиот клуб во светот!