Поврзете се со нас

Шпанија

Агентот на Бејл уште еднаш ја разбранува јавноста со своите коментари, мисли ли Велшанецот воопшто на фудбал во Мадрид?

Објавено

на

blank

Реал Мадрид од петни жили се обидува да се ослободи од Герет Бејл, кој заработува вистинско богатство по преселбата од „Вајт Харт Лејн“ на „Сантијаго Бернабеу“.

Во последно време Бејл е мета и на фановите на „кралскиот клуб“ кои веќе не може да го толерираат неговото однесување и незалагањето на теренот.

Чудно е што Герет Бејл воопшто не е загрижен со фактот што и не добива толку многу шанса на теренот. Тоа меѓу редови го потврди и неговиот агент, Џонатан Барнет.

– Немам поим колкава е неговата вредност сега. Неговата плата е прилично висока и таму каде што би можел да оди тоа е многу важно за него. Не можам да се мешам во тоа.

– Како што велам постојано, тој е прилично среќен во Мадрид. Има доста убав живот, не гледам зошто би заминал од Мадрид.

– Тоа е негов живот кој сака да си го живее. Финансиски ќе бара доволно за да си го помине добро остатокот од животот во кој би им помгнал на децата и внуците. Освои се што може да се освои, освен Светското првенство.

– Ќе биде голема работа доколку се врати во Премиер лигата, но не верувам дека ќе сака да го стори тоа во овој момент затоа што е целосно среќен со својот живот во Мадрид, -заклучи Барнет за „БиБиСи Радио4“.

Бејл е постојано напаѓан од јавноста во Мадрид поради тоа што повеќе се грижи за играњето голф, отколку за играњето во дресот на „кралскиот клуб“.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни