Поврзете се со нас

Шпанија

Агентот на Бејл со критики до навивачите на Реал: Нивниот однос е одвратен

Објавено

на

Герет Бејл и оваа сезона ретко е достапен кога се во прашање клупските натпревари и предизвиците со Реал Мадрид, а ова дефинитивно дополнително ги иритира навивачите кои подолго време се во „војна“ со Велшанецот.

Тие директно го искажаа своето незадоволство пред неколку дена откако Бејл се врати повреден по настапот со националниот тим. Тие го навредуваа напаѓачот при излегувањето од тренинг центарот што секако донесе реакција од агентот на Бејл кој одлучи да се огласи и испрати јасна порака за тоа што мисли за оваа ситуација.

Бесните навивачи на Реал Мадрид фрлаа предмети врз автомобилот на Бејл (Видео)

-Не ми е гајле што мислат овие луѓе, не ми е важно. Зошто да се грижам? Мислам дека нивниот однос кон Гарет е одвратен, -порача Џонатан Барнет и додаде:

-Повредата можеше да му се случи на секого, но за жал му се случи на него. Тој мораше да игра за Велс бидејќи тоа беше важно за пласман на Светското првенство, -дополни Барнет.

Анчелоти се огласи за бурата која ја предизвика Бејл и откри нов проблем на Азар

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни