Агентот на Бејл: Една работа ви гарантирам, тој нема да…

bejl

Реал Мадрид сака да се ослободи од Герет Бејл, но засега Велшанецот не сака тоа да го направи или пак ако веќе мора тоа ќе биде под негови услови и негов начин.

Тоа уште еднаш го посчи агентот на брзоногиот напаѓач, Џонатан Барнет кој му испрати јасна порака на Реал да не се обидува со импровизирани договори или да го испрати Бејл на позајмица.

-Нема да има импровизирани договори за да си замине од клубот. Тој е еден од најдобрите играчи на планетата. Можам да гарантирам дека нема да позајмица во ниту еден клуб. Тој е играч на Реал Мадрид и засега останува играч на Реал Мадрид. Ако излезе нешто што ни одговара тогаш работите можат да се променат и тој може да си замине за еден ден или недела или пак да биде играч на Реал Мадрид и во наредните три години додека договорот не му истече, -порача Барнет.

Facebook Коментари