Англија
Агентот на Антони откри што точно мисли Бразилецот за Аморим

Антони многу добро ги сфати испратените сигнали од Рубен Аморим и побрза да си пронајде нова средина во јануарскиот преоден рок, а ако се суди според стартот, Бразилецот го чека нависитна добар период во редовите на Бетис.
Шпанскиот прволигаш го ангажираше големото разочарување на Манчестер Јунајтед со договор до крајот на годината, кое на првите три меча во дресот на Бетис постигна два гола и забележа една асистенција.
Антони на двапати беше избран и за играч на мечот од страна на Ла Лига, па во јавноста полека почнуваат да излегуваат прашања дали крилото ќе успее да си ја врати самодовербата во Бетис и дали може да си ја спаси кариерата на „Олд Трафорд“.
Неговиот агент тврди дека приказната меѓу Антони и Јунајтед не е дефинитивно затворена, барем не кога е во прашање размислувањето на Бразилецот.
– Клубови од Саудиска Арабија и Премиер лигата го посакуваа Антони во јануари, но Бетис беше најдобрата опција за него и првите натпревари го покажуваат тоа.
– Во договорот на Антони нема право на откуп од Бетис, а мојот клиент и натаму се уште многу го цени и почитува Аморим. Тоа е реалноста, неговата иднина во Манчестер Јунајтед се уште останува отворена опција, – вели Жуниор Педросо.
-
Лига на нации17 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации18 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија13 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации17 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Репрезентација8 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации17 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Свет15 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)