Поврзете се со нас

Италија

Агентката на Погба се огласи за скандалот: Единствено е сигурна само една работа во овој момент

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfcen

Пол Погба се најде во средина на скандал кога потајно се надеваше дека може да ја врати кариерата на вистински пат, но наместо да се фокусира на враќањето на теренот, Французинот сега треба да докажува дека не користел недозволени средства.

Играчот за врска на Јувентус паднал на допинг тестот кој му бил направен по мечот меѓу Удинезе и Јувентус во првото коло во Серија А, па според протоколите на ФИФА, сега мора да се направи и втор примерок пред да биде изречена сериозна казна.

Во меѓувреме, италијанската анти-допинг агенција привремено го суспендираше Погба и му забрани да биде дел од следните натпревари, а конечниот исход ќе се знае по целосното истражување на вториот земен брис.

Погба се уште молчи и не се огласи со изјава за оваа шокантна вест, но затоа неговата агентка Рафаела Пимента се огласи за „Туторспорт“.

– Во исчекување сме на тестот од ториот резултат и не можеме да кажеме ништо повеќе додека не го добиеме тоа. Единствено сигурна работа е дека Пол Погба никогаш не се обидел намерно да го прекрши правилата, – кратко изјавила Пимента.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни