Поврзете се со нас

Италија

Агентката на Погба ги договорила деталите со Јувентус, познат периодот за лекарски прегледи

Објавено

на

Пол Погба ќе се врати во редовите на Јувентус и прашање на време е кога „бјанконерите“ ќе го објават големото засилување и новата соработка со Французинот.

Денеска агентката Рафаела Пимента, која го наследи починатиот Мино Раиола, била на состанок со раководството на Јувентус и ги прецизирала деталите за договорот на Погба.

Погба ќе заработува 8 милиони евра годишно, плус дополнителни 2 милиона евра како евентуален бонус, а ќе потпише четиригодишен договор со италијанскиот тим.

Италијанските медиуми тврдат дека Погба ќе пристигне во Торино меѓу 5 и 8 јули и тогаш ќе ги мине лекарските прегледи.

Играчот за врска одигра одлични сезони во дресот на Јувентус пред да се врати во Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра, а сега повторно ќе биде дел од Јувентус по истекот на договорот со премиерлигашот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни