Англија
Агентите на Депај стапиле во контакт и со Манчестер Јунајтед, „ѓаволите“ ќе ангажираат нов напаѓач

Манчестер Јунајтед и дефинитивно ќе ангажира нов напаѓач во овој летен преоден рок, а во јавноста веќе се појавуваат имиња на фудбалери кои треба да пристигнат на „Олд Трафрд“.
Според дел од медиумите, меѓу опциите е и Мемфис Депај, игрчаот кој ќе си замине од Барселона и кој е многу блиску до премин во Јувентус.
Сепак, Манчестер Јунајтед доколку би бил заинтересиран да го врати Холанѓанецот во своите редови, би бил преферирана опција од страна на играчот, но за тој да се одлучи да го облече дресот на „ѓаволите“ од англискиот клуб требало да реагираат брзо поради тоа што преговорите со Јувентус биле веќе влезени во завршна фаза.
Од Јунајтед очигледно не брзаат, па трансферот на Депај на „театарот на соништата“ засега не изгледа ни малку блиску.
Она што може да се насети е дека Алваро Мората во ово момент е најблиску да го облече дресот на Јунајтед.
За неговите услуги Атлетико барал 35 милиони евра, а според Лори Витвел, Манчестер Јунајтед немал проблем да ги плати тие пари за шпанскиот напаѓач кој ги помина сите големи клубови ширум Европа.
Опција за Манчестер Јунајтед е и Саша Калајџиќ од Штутгарт, па останува да видиме со кој офанзивец ќе се засили тимот на Ерик Тен Хаг.
-
Италијапред 22 часа
„Волчицата“ во акција: Рома е на добар пат да обезбеди уште едно бесплатно засилување
-
АТПпред 23 часа
Виландер: Тоа може да биде проблем за Ѓоковиќ…
-
Светпред 17 часа
Барселона извиси: Меси ја прифатил третата понуда и ќе си ја оствари неисполнетата желба
-
Шпанијапред 17 часа
Борусија потврди дека Белингем заминува во Реал и откри колку „тежи“ трансферот (Фото)
-
Шпанијапред 11 часа
Барселона одговори со соопштение откако Меси објави дека не се враќа на „Камп Ноу“ (Фото)
-
Светпред 13 часа
Меси се отвори: Лео искрено објасни зошто ја одбил Барселона и потврди дека се сели во клубот на Бекам!
-
Германијапред 21 час
Мане ја предводи листата: Баерн прави чистка во своите редови во летниот преоден рок
-
Светпред 15 часа
Роналдо за пристигнувањето на Бензема во Саудиска Арабија: Не погрешив, јас ја отворив кутијата!