Агаси: Застрашувачки е што Ѓоковиќ се уште може да напредува

andre i nole

Некогашниот светски рекет број еден и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Андре Агаси и се израдува на победата на српскиот ас која ја оствари на Вимблдон.

Ноле по голема пауза успеа да дојде до пехар на големите турнири, на еден грен слем и со тоа да најави враќање на импресивната форма и резултатите. Агаси е еден од оние кој верува дека тоа сигурно ќе се случи, а притоа ги предупреди ривалите на Ѓоковиќ.

-Воопшто не се сомневам оти пред Новак се уште многу години во врвот на светскиот тенис и дека ќе биде на тронот на најзначајните турнири. Мислам дека постојат сегменти во неговата игра кои можат да се подобрат што е навистина застрашувачки за неговите ривали. Од аутсајдер повторно стана играч од кого се очекува да освојува титули, -рече Американецот.

Facebook Коментари