Поврзете се со нас

АТП

Агаси: Почнав да го победувам Бекер откако му го открив трикот со јазикот

Објавено

на

Андре Агаси ја заврши својата играчка кариера со позитивен скор против Борис Бекер (9:5), резултат кој не наговестуваше ваков крај ако се знае дека Американецот ги загуби првите три меча од легендарниот германски тенисер.

Агаси и Бекер своите битки на теренот ги водеа во 90-тите години на минатиот век и имаа доста спектакуларни дуели, а нешто повеќе од 20 години подоцна, Американецот одлучи да и открие на јавноста дека клуч за пресвртот во неговиот скор со Германецот е тоа што му ја проучил тактиката за сервис.

– Бекер ме победи првите три пати, тој имаше сервис каков што немав виденото дотогаш. Добро го опсервирав и сфатив дека неговиот сервис се состоеше од три различни форми и воочив дека прави нешто чудно со јазикот. Не се шегувам. Кога јазикот ќе го свртеше на страна, сервираше и ја бараше страничната линија, кога јазикот му стоеше нормално, сервираше на централната линија. Така почнав да му го читам сервисот, а најважно беше да не дознае дека му го научив трикот. Му го открив ова кога по крајот на кариерите се сретнавме на Октоберфест. Пиевме пиво и не можев да не му кажам. Тој стана од столот и вели дека за тоа знаеле само неговата сопруга, се зачуди како сум го прочитал, – открива Агаси за „Uncriptd“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни