Поврзете се со нас

АТП

Агаси го промени мислењето и го посочи најдобриот тенисер на сите времиња

Објавено

на

Андре Агаси во 2018-та година изјави дека никогаш не би можел да се носи со „светото тројство“ кое го сочинуваат Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, но за разлика од ставот кој го имаше во 2014-та година, легендарнииот американски тенисер сега го промени мислењето.

При едно интервју пред шест години, Агаси посочи дека Шпанецот Рафа е најдобар играч на сите времиња поради начинот на кој го победуваше Федерер, но најновата изјава за „Билд“ ни открива дека го променил мислењето, бидејќи му даде предност на швајцарскиот маестро од Базел.

– Најголем на сите времиња? Федерер, во тоа немам никаква сомнеж. Никој не траел толку долго на АТП турот како него, никој не бил толку добар против различни противници и генерации. Не би имал никаква шанса против него и во своите најдобри денови, – вели Агаси за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни