Поврзете се со нас

Светски првенства

Африканците немаа доволно играчи: Германија службено го доби дуелот со Зеленорските острови

Објавено

на

Денешната програма на Светското првенство во Египет требаше да донесе осум натпревари, но еден од нив официјално е откажан и нема да се игра од причина што екипата нема доволен број на играчи.

Станува збор за пресметката меѓу Германија и Зеленортски острови каде проблематични се африканците кои немаат најмалку десет играчи, па поради тоа ИХФ донесе одлука да го регистрира овој резултат со службени 10-0 за Германците кои и така беа огромни фаворити за победа.

Зеленортски острови во моментов имаат девет ракометари на располагање, но засега останува на програмата дуелот кој со Уругвај треба да се одигра на 19 јануари од 18 часот. ИХФ остави простор оваа репрезентација да се комплетира, поточно наредното тестирање на КОВИД-19 да покаже дека се е во ред со еден од заразените играчи.

Воедно од Зеленортски острови најавија дека ќе се обидат да донесат дополнителни играчи кои имаат право да учествуваат на настанот. Се очекува тие играчи да можат да учествуваат во натпреварот против Уругвај доколку сите ПЦР тестови пред пристигнувањето и на лице место се негативни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни