Поврзете се со нас

Лига Европа

АЕК Ларнака на Тричковски креираше сензација и го елиминираше Партизан од Лига Европа

Објавено

на

Екипата на  АЕК Ларнака само го потврди сензационалниот резултат од првиот натпревар на Кипар и по денешниот натпревар на Хумска успеа да се пласира во плеј-офот од квалификациите за Лига Европа.

Кипарскиот тим по победата на првата средба од 2:1, овојпат успеа да издржи и во Белград и одигра реми (2:2) рамно на победа.

Партизан уште на стартот покажа дека сака да стигне до победа и веднаш го отвори резултатот преку Рикардо Гомес кој стрелаше во 24. минута.

Во второто полувреме  во 51. Минута Ѓурчо израмни на 1:1, а Гомес со својот втор погодок по три минути ја врати предноста на Партизан.

Четири минути траеше предноста на Партизан затоа што Фарај во 57. минута израмни на 2:2 и тоа се покажа како конечен резултат на средбата.

Нашиот Иван Тричковски натпреварот го помина на клупата за резервни фудбалери затоа што неговиот тим се бранеше, па стратегот искористи нешто подефанзивна тактика, па Тричко немаше прилика да се појави на теренот.

Претходно и Малме на Ердал Ракип се пласираше во плеј-офот од Лига Европа откако ремизираше со Дуделанж (2:2), резултат доволен за пласман понатака.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни