Адвокатот на Роналдињо: Тој е глупав, несвесно направил криминал

Ronaldinho

Легендарниот бразилски ас, Роналдињо и неговиот брат Роберто Азис ќе останат во притвор во Парагвај, а причината за тоа е влезот во оваа земја со лажни документи.

Тие се обвинети за фалсификување на документи, поточно користење лажни пасоши и можеби ќе мора да минат шест месеци во притвор. Бразилецот требаше да присиствува на хуманитарен настан, но сега си направи проблем кој останува да видиме како ќе биде решен.

Во меѓувреме се огласи адвокатот на некогашниот член на Барселона, Адолфо Марин кој тврди дека Бразилецот е глупав и несвенсо направил криминал.

Судијата не разбира дека Роналдињо не бил свесен дека прави криминал, не знаел дека документите се фалсификувани. Тој е глупав. -истакна Марин.

Facebook Коментари