Поврзете се со нас

АТП

Адвокатот на Јаник: Синер едвај ја прифати спогодбата од „ВАДА“

Објавено

на

Foto:x.com/AustralianOpen

Јаник Синер ќе мора да отслужи тримесечна суспензија до почетокот на месец мај, сето тоа како поселдица на двата позитивни допинг тестови кои ги имаше во март минатата година.

Италијанецот прво беше ослободен од било каква одговорност од агенцијата за интегритет во тенисот, но Светската анти-допинг агенција отвори посебен случај и побара најмалку едногодишна казна за светскиот рекет број еден.

„ВАДА“ пронајде низа прекршози за кои сметаше дека голема одоговорност треба да понесе и Синер, но на крајот токму Светската анти-допинг агенција понуди предлог за спогодба, според која Италијанецот ќе паузира во најбезболен можен период, односно во период од годината кога не се игра грен слем турнир.

Според изворите на меидумите кои одблиску го следеа целиот случај, Синер дури од втора решил да ја прифати спогодбата, и тоа по убедување на неговиот адвокат, Џејми Сингер.

– Едвај го наговорив Синер да ја прифати спогодбата, не беше воопшто лесно да го наговорам на такво нешто. Кога му реков на Синер дека постои опција за спогоба од тримесечна суспензија, тој ми порача: Зошто би прифаќал кога првата пресудба беше дека нема да добијам казна!

– Морав да му објаснувам дека никој не може да гарантира ништо ако одиме на суд. ВАДА првично бараше една година, ако не ја прифатевме нивната спогодба, се можеше да се случи ако излезевме пред тројца судии, – открива Сингер за „Би-Би-Си“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни